Еден повреден во сообраќајка кај Зајас

пред 3 години

Вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Зајас се случила сообрајќајна незгода помеѓу возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(42) од с.Делогожда,Струшко и „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К.(77) од с.Д.Страгомишта, Кичевско. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Share
Scroll to Top