Едно лице загина, две се тешко повредени во судар на автомобил и комбе на патот Охрид – Кичево

пред 4 години

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Охрид – Кичево.

Според информациите на МВР, несреќата се случила, кај клучката за влез кон Славеј Планина, општина Дебарца, помеѓу автомобил „фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.И.(52) од Кичево и товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(29) од с.Долни Сарај, скопско.

На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „фолксваген бора“, Д.К.(40) од Кичево и возачот Б.М.

Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Се утврдуваат причините за несреќата.

Share
Scroll to Top