ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

пред 3 години

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји кои се безбедни за патување, пренесуват европските новински агенции.

Покрај нашата држава, Европската комисија предложи и додавање на Србија, Албанија, САД, Хонг Конг, Тајван, Макао, Саудиска Арабија и Либан на списокот на земји безбедни за патување.

На состанокот утрово во Брисел, амбасадорите на земјите-членки го поддржале ставот дека во овие земји има „задоволителна епидемиолошка состојба“, што им овозможува на нивните граѓани да патуваат во земјите-членки без ограничувања, пишуваат агенциите

Оваа проширена листа треба официјално да стапи на сила во петок, 18 јуни, пренесуваат медиумите.

Тие потсетуваат дека од 1 јули минатата година, поради избувнувањето на пандемијата од Ковид 19, ЕУ воведе список на таканаречените безбедни трети земји на кои границите на ЕУ ќе останат отворени.

Досега на списокот се најдоа осум земји: Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Списокот се заснова на голем број епидемиолошки критериуми, вклучувајќи го и степенот на вакцинација, а со најновото ажурирање, вклучува 15 земји.

Share
Scroll to Top