Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

пред 3 години

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово.

Според информациите на МВР,  околу 10.50 часот било пријавено дека во близина на Добарски натпатник, кај месноста „Еребино“, патничко возило „тојота рав“, со американски национални ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот.

Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото на несреќата.

Share
Scroll to Top