Загадувачите на воздух ќе се откриваат со високософистицирана опрема

пред 4 години

На универзитетот во Штип промовирана софистицирана лабораториска опрема која прецизно ќе ги анализира и утврдува поединечните извори на загадувањето на воздухот.

Станува збор за еден од најсовремените уреди од оваа област во светот за анализа на аеросоли (честичките од воздухот), финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации , во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Загадувањето на воздухот е најголемиот поединечен ризик по здравјето во Европа и некои од највисоките концентрации на загадувањето на воздухот се регистрирани овде во Северна Македонија, во Скопје, Битола, Тетово. Со овој проект Шведска придонесува подобро да се анализираат и откријат изворите на загадување со што ќе се развијат и подобри стратегии за спречување на загадувањето базирани врз овие податоци“, изјави амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Според министерот за животна средина Насер Нуредини, загадувањето на воздухот може да се превенира доколку ги знаеме и работиме на соодветно решавање на изворите на загадување.

„Непосредната акција на сите нивоа на општеството е најдобрата стратегија. Во тој правец ја подобруваме соработката со граѓаните, деловните субјекти, локалните самоуправи, но и со академијата. Ова подразбира правилно следење на клучните загадувачи, преку детекција на изворите на загадување, разбирање на причините и проектирање на конкретни акции за нивно надминување засновани на напредни и софостицирани научни методи“,Нуредини.

Новата опрема е набавена во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, вреден над два милиони американски долари.

Share
Scroll to Top