Педесет и четиригодишен стружанец почина откако го удрил автомобил синоќа на регионален пат во с.Враништа, струшко.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според информациите, „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.