Заев: Искористете го последниот ден од „Викенд без ДДВ“

пред 3 години

Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема, порача премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи. „Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи“, додаде премиерот.

Share
Scroll to Top