Заев: Не е време за предвремени избори

пред 3 години

„Не е време за предвремени избори, бидејќи тие ја стопираат државата во натамошениот развој и патот кон евроинтеграциите“, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали е согласен за предвремени избори заедно со локалните избори на есен како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според премиерот, приоритетот во наредниот период ќе биде подобрување на стандардот,нови инвестиции и отварање на работни мести, наместо избори кои според него ќе го стопираат економскиот развој.

„Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат ваквите инвестициски проекти и севкупната економија. Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува , сите тешки одлуки кои се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отварање на нови работни места. Да ги мотивираме ваквите инвеститори да вложуваат, да отвараат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот производ, а со тоа и благосостојбата на целиот наш народ. Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси, затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа. До тогаш треба сите, ама буквално сите почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме поголеми плати, поголеми инвестиции, поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ“, рече Заев при денешната посета на фабриката „Конти хидроплсат“ во Гевгелија.

Share
Scroll to Top