Заев: Подмолен чин е државјанин на странска земја да биде кандидат за градоначалник на Скопје

пред 3 години

Осврнувајќи се на понудата за вториот круг в недела, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на Карпош посочи дека евидентна е разликата помеѓу Душко Вескоски и Петре Шилегов кои нудат напред наспроти, како што кажа, Стевче Јакимовски и Данела Арсовска кои сакаат назад во режимот.

„Навистина е најподмолен и најнаместен чин, државјанин на странска земја, за време на спорот со Бугарија да биде кандидат за градоначалник на Скопје. Ние сме за едно општество за сите и немаме предрасуди за припадности на ниту една етничка припадност, во таа смисла сме авангарда. Но, да лажеш, да манипулираш, со скриени намери и да продолжиш да лажеш, тоа е бесрамно. Тоа е понижување на нашиот народ. Затоа од овде ја повикувам Даниела, не Данела, да си даде оставка и да се повлече од кампањата затоа што ова е понижување и врз Скопје и врз целиот наш народ“, нагласи Заев.

Тој во Карпош упати порака до сите генерации, младите, средните и постарите.

„Не може младите да му веруваат на 61-годишниот Стевчо Јакимовски со сите колекции на партиски книшки во него, наместо на 36-годишниот Душко. Овде имаме одличен избор, затоа вреди да се бориме, за тоа ги имаме сите аргументи на свет. Да излеземе масовно во недела и да даде поддршка за бројот 12“, повика лидерот на СДСМ.

Share
Scroll to Top