Затекнати гости во неколку скопски локали кои работеле по дозволеното време

пред 4 години

Полицијата поднесе кривични пријави за сопственици на четири угостителски објекти во Скопје кои вчера работеле по 18 часот, и покрај забраната поради состојбата со пандемијата.

Вкупно, контролирани се 285 објекти и констатирани се четири непочитувања на работното време од кои едно во Аеродром, едно во Гази Баба и две во Сарај, информираат од МВР.

„Угостителски објект на улицата Перо Наков во 18.40 часот работел и во него имало гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во објект на булеварот Трета македонска бригада во 20.30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј, кое е затекнат во обхектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, информираат од МВР.

Oд страна на Државниот пазарен инспекторат изречена е забрана за работа.

Share
Scroll to Top