За возење без дозвола, за еден ден казнети 28 лица во населбата Ченто

пред 3 години

Полицијата во текот на вчерашниот ден (10. февруари) спровела засилени сообраќајни контроли на територијата на скопската населба Ченто.

Како што информираат од МВР, притоа изречени биле вкупно 103 мерки, од кои 28 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење на мобилен телефон.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top