Измамена скопјанка, дала 340 илјади денари за да се забрза оставинската постапка

пред 3 години

65-годишна жена од Скопје дала 340.000 денари на лице кое и ветувало забрзана оставинска постапка, но сфатила дека е измамена отако проверила дека постапката воопшто не била започната.

Според информации од МВР, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, 65-годишната жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.02.2021 до 04.06.2021 била измамена од лицето Н.К. за сума од 340.000 денари.

Според пријавеното, лицето и ветило дека може да ја забрза оставинската постапка за нејзиниот покоен невенчан сопруг и во наведениот период во неколку наврати му ги дала парите.

Исто така, според пријавеното, таа заклучила дека е измамена откако проверила и се уверила дека не била започната постапката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат надлежните институции.

Share
Scroll to Top