Измамен тетовец, возилото го заложил како гаранција за градежни услуги што не ги добил

пред 4 години

55 годишен тетовец пријавил измама откако сопственото возило кое го заложил за градежни услуги му било одземено а градежните работи кои тој ги очекувал не биле извршени.

Во 12.00 часот во Полициската станица Тетово, 55-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од Р.В.(38) од с.Желино, тетовско.

Според пријавеното, тие пред нотар во Тетово склучиле договор пријавениот да му изврши градежни работи, а за возврат му било дадено патничко возило „Фолксваген туарег“ во вредност од 12.000 евра, а градежните работи чинеле 10.000 евра.

Како што е пријавено, во договорот стоело дека Р.В. не смее да го отуѓува возилото додека не ги изврши градежните работи, но тој ниту ги извршил градежните работи, а со помош на вработена кај нотарот го отуѓил возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.

Share
Scroll to Top