Исплата на пензиите од крајот на месецот

пред 4 години

Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензиите за март 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.3.2021 година, на кои им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.3.2021 година.

Банките готовинската исплата на пензии треба да ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– за пензиите со висина до 11.000 денари исплатата да се изврши на 29.3.2021 година (понеделник);

– за пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари исплатата да се изврши на 30.3.2021 година (вторник);

– за пензиите со висина од 14.001 до 18.000 денари исплатата да се изврши на 31.3.2021 година (среда);

– за пензиите со висина над 18.001 денар исплата да се изврши на 1.4.2021 година (четврток).

Share
Scroll to Top