Деновиве, кога беше одбележан Денот на Европа, слушнавме десетици изјави и објави на функционери од оваа влада, кои да не ги познававме и да не ги знаевме нивните дела, ќе поверувавме дека целиот товар на ЕУ паднал врз нивните плеќи, реагираат од Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива.
„Оваа влада е формирана врз парадигмата на измамата „албански премиер“, со што станува извршната власт што го уништил секој демократски и морален критериум за учество на избори, оваа влада е резултат на изборите од 15 јули 2020 година, кои за нас се нелегитимни, бидејќи на тие избори манипулацијата на гласот,
кражбата, купувањето и другите форми на нарушување на демократската волја станаа стандард на држава која, барем, официјално се стреми да биде членка на ЕУ,оваа власт му издаде градежно земјиште во вредност од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен, Дака Давидовиќ, кој спонзорира антиевропска агенда во регионот“, потенцират од коалицијата.
Според нив владата потфрлила со образовниот процес во време на пандемија, а резултатите од овој неуспех како што велат ќе се чувствуваат уште долго во иднина.
„Оваа влада се однесува кон пандемијата во стилот „Нека се спаси кој како може!“, па затоа денес стапката на смртност во РСМ е највисока во Европа, а имунизацијата е меѓу најниските во нашиот континент, оваа влада овозможи да добијат пасоши над 200 меѓународни криминалци, кои се бараат ширум светот, со што потврди дека РСМ стана засолниште на криминалците и дека оваа власт е длабоко вклучена во меѓународниот организиран криминал“, потенцираат од оваа партија.
Од таму сметаат дека ваквите состојби се најдобриот доказ како што велат дека оваа држава креира друга агенда и се откажала од евроинтеграциите.