Крадци влегле во партиски штаб во Арачиново, скопско, и украле храна.
Според информациите на МВР, во полиција било пријавено дека во село Арачиново, скопско неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичка партија, влегле и украле прехранбени производи.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.