Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас, честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со ЕУ

Левицата: Партиските потрчковци на Османи стануваат високи дипломатски претставници

пред 3 месеци

Османи со години се однесува како МНР да е своевина на ДУИ во кое владее распашана банда, велат од Левица.

„Целиот негов мандат како министер го проследуваат бројни дипломатски скандали, а изминативе месеци се работи на масовни вработувања и унапредувања во рамки на Министерството, каде единствен принцип за напредување е партиската припадност кон ДУИ.

Денес во јавноста протече информација дека негов партиски потрчко од Чаир, кој за заслуги поради трчање во кампања, добива место на Генерален конзул во Њујорк. Имено, Мухаби Синани, кој што само од пред неколку месеци е вработен во МНР, и нема ниту соодветно образование, уште помалку знаење и искуство, ниту пак стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул, минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување.

Според извори од Министерството достапни за јавноста, Синани во текот на оваа седмица треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул, што е спротивно на сите принципи за кариерно напредување во Министерството.

Вработените во МНР сведочат на тоа дека ова не е единствен ваков случај на унапредување и вработување во Министерството, или назначување за раководители на директорати и испраќање на дипломатски претставници под партиски клуч, што го уништува угледот на МНР и служи исклучително за партизација на институцијата!

Левица жестоко ги осудува овие кадровски „потфати“ на Османи кои се косат со законските процедури и утврдените принципи на кариерен раст во МНР. Ова само ја потврдува неопходноста од кадровска ревизија, која веднаш мора да биде спроведена по паѓањето на режимот на ДУИ од власт и спроведување на внатрешна реформа, која ќе го врати угледот на Министерството и достоинството на дипломатските работници“, се вели во соопштението на Левица.

Текстот Левицата: Партиските потрчковци на Османи стануваат високи дипломатски претставници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top