Мал процент на граѓани кои се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

пред 3 години

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата.

Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози, 96 биле позитивни на Ковид-19. Од нив,  56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина.Само 13 од заразените со Ковид биле хоспитализирани.

Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено две дози вакцина.

Министерството за здравство оцени дека ваквиот процент укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат.

За таа цел, почнувајќи од утре граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина, може да закажат вакцинирање во домашни услови.

Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.

Министерството за здравство вчера ги објави телефонските броеви на кои може да се закаже вакцинацијата дома.

Share
Scroll to Top