МВР: 15 лица казнети за непочитување на полицискиот час

пред 3 години

Полицијата синоќа казнила 15 лица за непочитување на полицискиот час, а 393 лица се казнети за неносење заштитна маска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (14/15.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци“, соопшти МВР.

Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Share
Scroll to Top