На Граничниот премин „Богородица“ вчера во ладилникот на камион биле пронајдени четворица мигранти.
Според информациите, В.П.А.(32) од Унгарија пријавил дека во товарното возило „сканиа“, со унгарска национална ознака, кое го управувал, има мигранти.
Полициски службеници извршиле контрола и во внатрешноста на ладилникот биле пронајдени 4 лица – илегални мигранти, од кои 3 од Сирија и 1 од Того. Мигрантите биле однесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.