Мицкоски: Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа

пред 3 години

Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по интервенцијата на полицијата на карневалот во Вевчани.

„Кога Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа. Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ… Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Полициски службеници го растурија карневалот во Вевчани, кој оваа година не беше официјално организиран од страна на Општината поради пандемијата на коронавирусот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата интервенирала поради непочитувањето на мерките за спречување ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање повеќе од четири лица.

Share
Scroll to Top