Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.
На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ се разговарако за актуелната политичка и економска состојба, енергетската криза, геостратешките случува во регионот и Европа, како и европските интеграции на државата.
Воедно, Мицкоски смета дека немањето на реформи, лошото менаџирање на владата на СДСМ во однос на економската, енергетската, и здравствената криза, високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат и не претставуваат европски вредности и стандарди.
Мицкоски го информираше Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните.
Корупцијата и криминалот кои се неказнети ја оставаат државава без иднина и реформи за подобар живот, посочи Мицкоски.
Тој уште еднаш ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправно членство на Македонија во Европската Унија, заснована само врз принципиелни основи, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.