Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при учеството на обуката организирана од Кондар Аденауер, а во врска со поттикнување на демократија на локално ниво запрашан за тоа дека како партија изнесуваат информации за имотната состојба на Шилегов, но кое е решението, истакна дека решението е институционализација на проблемот.
„Гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите“, посочи Мицкоски.
Тој ги повика Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Антикорупциската комисија да го сторат тоа.