Мицкоски: Насилството му одговара на оној кој го најавува и сака да ја сопре оваа иницијатива

пред 3 години

„Продолжуваме со протестите, нема да сопрат протестите, ќе го повикуваме народот и во деновите што следат затоа што цениме дека власта на СДСМ и ДУИ не сака да го слушне народот кој што громогласно вели „не“ на овој асимилаторски и понижувачки договор кој што владата и го нуди на народот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот пред Владата против францускиот предлог.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ценам дека треба во што поголем број да се собираме и мирољубиво да го кажуваме нашиот став, тоа е наше демократско право, без насилство. Насилството му одговара само на оној кој што секое утро тоа насилство како аналитичар го најавува наместо да го спречува и помага и го охрабрува. Насилството му одговара на оној кој што сака оваа иницијатива да ја сопре. Ние имаме чиста цел, чиста намера, а тоа е да го зачуваме достоинството, идентитетот, нашиот мајчин македонски јазик“, додаде Мицкоски.

Тој упати благодарност до сите сограѓани кои се секојдневно на протест и заедно се борат да го зачуваат македонскиот идентитет.

 

 

Share
Scroll to Top