МНР: Oчекуваме одговор од Бугарија за Акцискиот план предложен од наша страна

пред 3 години

Низ текот на редовната комуникација со Бугарија има континуирана размена на мислења и на идеи, за надминување на разликите, информираат од Министерството за надворешени работ.

Од таму нагласуваат дека двете страни често споделуваат предлози и видувања во кои ги посочуваат и објаснуваат своите позиции.

„Последен од низата е Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна, кој е предлог од наша страна, a за кој очекуваме овие денови да добиеме одговор или предлог забелешки и предлози од страна на Бугарија“, се наведува во соопштението на македонското МНР од каде додаваат дека министерот Османи неделава остварил комуникација со бугарската колешка Екатерина Захариева.

Како што појаснуваат од ресорното министерство, целта е да се најде начин за зајакнување на имплементацијата и ефикасноста на Договорот за пријателство од 2017 година.

„На тој начин ќе се врати довербата и во самиот Договор и во процесот на дијалог меѓу двете земји за отстранување на разликите, како што доликува на две пријателски соседни земји во Европа“, стои во соопштението во кое се додава и дека очекувано е во наредниот период специјалниот претставник Владо Бучковски да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија.

Share
Scroll to Top