Мотор и автомобил се судрија во Струмица, 15-годишно дете заврши со тешки повреди

пред 3 години

Синоќа во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл управуван од 15-годишник од селото Куклиш и автомобил  управуван од Д.Н.(20) од Струмица.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Share
Scroll to Top