Мотоциклист во Тетово возел со 160 километри на час

пред 4 години

Полицијата казнила мотоциклист кој се движел со брзина над 160 километри на час, по улицата „Маршал Тито“ во Тетово.

Изминатата ноќ со користење на т.н. „ноќен радар“, тетовската полиција спровела засилени контроли на потегот од Монопол кон приклучокот на автопат. Биле санкционирани вкупно 31 возач за пречекорување на максимално дозволената брзина.

На сите прекршители изготвени им се соодветни платни налози.

Санкционирани се и девет други видови прекршоци, меѓу кои четири лица кои управувале возило без возачка дозвола.

„Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови“, најавија од полицијата.

Share
Scroll to Top