Муцунски: Со фотоволтаици во училиштата во Аеродром ја зголемуваме енергетската ефикасност

пред 2 години

Од денеска почнуваме се поставување на фотоволтаици во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Според него, проектот ќе помогне за зголемена енергетска ефикасност.

„Имаме намера да продолжиме со реализација на овој проект, да ги опфати сите градинки во идниот период, но исто така и на други јавни објекти кои планираме да ги градиме на територија на општина Аеродром, а кои се од капитално значење.

Истовремено, би сакал да ви кажам дека претходната недела потпишавме договор со Европската унија, проект вреден над 800.000 евра во делот на селекција на отпад каде што очекуваме дека Аеродром ќе стане пионер во областа на селекција на отпад и тоа е секако поддржано од страна на Европската унија“, посочи градоначалникот на оваа скопска општина.

Share
Scroll to Top