Неделков: Нема договор, штрајкот продолжува

пред 3 години

Нема договор помеѓу МОН и СОНК. Штрајкот продолжува и натаму, а учениците остануваат надвор од училиштата.

По средбата со МОН, Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, на својот фејсбук профил напиша дека преговорите се без завршница и штрајкот продолжува.

Од МОН претходно во соопштение до медиумите наведоа дека целосно го почитуваат синдикалното право на штрајк и во ниту еден момент не го попречуваат неговото спроведување. Но, загрижува формата и времето во кое тоа се применува. Сепак, како што посочи министерот, подготвени сме да го продолжиме дијалогот, но без условувања и нереални барања, кои само ги отежнуваат преговорите.

Share
Scroll to Top