Неексплодирани гранати од Првата светска војна пронајдени во Виница и во Битола

пред 4 години

Неексплодирани гранати од Првата светска војна биле пронајдени во два одвоени случаи во Виница и во Битола.

Според информациите на МВР, вчера, З.Ѓ.(63) од Виница пријавил дека во село Црн Камен, виничко, на место викано „Камена трага“, пронашол неексплодирана граната калибар 75 милиметри, од Првата светска војна.

Истиот ден и И.Д. пријавил дека во Битола, во близина на мостот во населбата Баир, при изведување градежни работи, пронашол неексплодирана артилериска граната калибар 75 милиметри од Првата светска војна.

Гранатите биле подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top