Новинарските и медиумски организации против најавите за рекламирање со јавни средства во приватни медиуми

пред 2 години

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до претседателот на државата, до премиерот и владините претставници, до претседателот на Собранието и координаторите на политичките партии.

Во писмото тие реагираат на најавите за укинување на забраната за рекламирање со јавни средства во приватни медиуми, преку менување на членот 102 од Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и укажуваат на штетните последици.

„Еснафските новинарски и медиумски организации укажуваат дека оваа пракса на откупување на простор во медиумите од страна на јавните установи во медиумите за кампањи може да ја поткопа независноста во медиумите и да го загрози правото на слобода на изразување. Дополнително, ова може сериозно да го наруши медиумскиот пазар кој и така е под влијание преку јавни средства кои се предвидуваат во Изборниот закон преку платената политичка програма (ППР). Освен штетата кон независноста на медиумите, а со тоа и штетата на правото на информирање на граѓаните, оваа пракса на враќање на платените владини кампањи, може да го манипулира јавниот интерес преку кампањи кои би се промовирале како јавни, а во основа имаат политичко партиски цели за промоција на одредени партиски субјекти и нивните политики во приватните медиуми“, се наведува во реакцијата на новинарските и медиумски организации.

Share
Scroll to Top