Нов земјотрес утрово во Битола и околината

пред 3 години

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.

Епицентрите се наоѓаат 120 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 04 часот и 01 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML3.7 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.

Share
Scroll to Top