Нов состанок на Комисијата за заразни болести

пред 3 години

Комисијата за заразни болести денеска се очекува да одржи нов редовен состанок.

На состанокот според првичните најави се очекува да се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.

По завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се знае дали до Владата ќе бидат препорачани построги мерки, односно викенд-карантин.

Инаку, според здравствените власти државата моментално се наоѓа во третиот бран од коронавирус, а пикот како што беше порачано деновиве во нивните изјави веќе од следните недели ќе почне да се намалува.

Министерството за здравство вчера информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа биле направени 3.897 тестирања, а регистрирани биле 1.264 нови случаи на Ковид-19.

Share
Scroll to Top