Облачно време со врнежи од дожд, од утре снег

пред 3 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.

Попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.

Пообилни врнежи ќе има и утре, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Share
Scroll to Top