Облачно и дождливо со температура до 15 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени.
 
Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Share
Scroll to Top