Променливо облачно време со температура до 14 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд. По одделни котлини со појава на утринска магла, информира УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла и ниска облачност, во текот на денот со повремени сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Share
Scroll to Top