За време на полицискиот час, сопствениците на миленичиња може да ги изнесат во периодот од 22 до 23 часот.
„За време на забраната и посебниот режим на движење, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат“, соопшти МВР.