Општина Аеродром објави конкурс за избор на идејно решение за изградба на општинска зграда

пред 4 години

Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.

Оттаму велат дека со изградбата на општинска зграда ќе се создадела можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализирале издатоците од буџетот на Општината.

„ Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност“ се наведува во конкурсот.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари.

Share
Scroll to Top