Општина Центар: Игралиштето во ОУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп

пред 2 години

Фудбалското игралиште во училишниот двор на основното училиште „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп, информираат од Општина Центар.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Овој заклучок произлегува од денешната средба помеѓу градоначалникот на општината, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имала склучено договорот за користење на игралиштето.

Општинските власти тврдат дека постапката за отстапување на фудбалското игралиште од страна на училиштето е целосно законска и преземени се сите неопходни чекори за склучување на договорот, но нагласуваат дека игралиштето сепак нема да се дава под закуп.

„По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Мојата идеја, изјави Герасимовски, е да помогнеме и да најдеме решение за состојбите со зголемените режиски трошоци, но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, додаде тој.

Share
Scroll to Top