Османи во Рига на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО

пред 2 години

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македнија, Бујар Османи денеска и утре во Рига, Латвија, ќе учествува на редовниот состанок на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на Министри за надворешни работи.

Според МНР, за време на дводневните работни сесии ќе бидат разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како и соработката со партнерите.

Министрите ќе расправаат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.

Од особено значење, се нагласува од ресорното министерство, ќе биде дискусијата за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, каде се очекува да биде истакната потребата од заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргини на состаноците во Рига, во агендата на Османи се предвидени и бројни билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Share
Scroll to Top