Османи од Софија: Се работи на идентификација на жртвите, со цел побрзо пренесување на телата во Скопје

пред 2 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од пред болницата „Пирогов“ во Бугарија каде се сместени преживеаните од сообраќајната несреќа, изјави дека денеска, но најверојатно и утре ќе остане во Софија за да ја олесни комуникацијата меѓу преживеаните и жртвите со нивните семејства.

„Тука сум да ја олеснам комуникацијата меѓу семејствата и институциите во Бугарија, за побрза идентификација на телата“, ијзави Османи.

„Мислам дека институциите во Бугарија истрагата ја имаат започнато. Тука се и нашите експерти доколку треба да помогнат, експертите по судска медицина се веќе, овде и очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификацијата, важно е процесот да се заврши побрзо за да можат останките да се пренесат во Скопје“, дополни министерот за надворешни работи.

Тој во изјава за бугарски медиуми потенцираше дека е важно семејствата да бидат информирани, со цел брзо завршување на процесот за останките да бидат пренесени во Скопје.

Објасни дека денеска, но најверојатно и утре ќе остане во Софија за да ја олесни комуникацијата меѓу преживеаните и жртвите со нивните семејства.

Share
Scroll to Top