Пендаровски не презеде обврска да преговара со Грција за пасошите, велат од неговиот кабинет

Пендаровски не презеде обврска да преговара со Грција за пасошите, велат од неговиот кабинет

пред 2 години

Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со пасошите и најави дека може да помогне во комуникацијата со Грција, но нема преземено обврска во таа смисла, велат oд кабинетот на претседателот.

Реакцијата следува откако претходно денес премиерот Димитар Ковачевски изјави: „Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.

Од кабинетот додаваат дека предлогот на Пендаровски за надминување на проблемот, односно промената на законите за да се пролонгира рокот за менувањето на личните документи, е во целосна надлежност на Владата и Собранието.

Текстот Пендаровски не презеде обврска да преговара со Грција за пасошите, велат од неговиот кабинет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top