Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими финската премиерка, Сана Марин, која е во посета на земјава.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од претседателскиот Кабинет, во фокусот на разговорите биле билатералните односи и соработката меѓу двете земји, перспективите на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, новонастанатите политички и економски текови во Европа, како и апликацијата на Финска за членство во НАТО.
Во однос на претстојниот Совет на ЕУ и блокадата од Бугарија, Пендаровски посочил дека процесот на проширување не треба да биде заложник на внатрешно-политичките ситуации на земјите-членки на Унијата.
Исто така, претседателот ја поздравил апликацијата на Финска за влез во НАТО.
„Северна Македонија е силен поборник на политиката на отворени врати на НАТО и безусловно го поддржуваме членството на Финска во Алијансата, што ќе ја зајакне безбедноста не само во Северна Европа, туку и на НАТО во целина“, порачал Пендаровски.