Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што ќе трае од 15:00 до 20:45 часот по средноевропско време и ќе може да се проследи во живо на веб-телевизијата на Обединетите нации.

Доцна вечерва по средноевропско време претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Share
Scroll to Top