Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка, изјави на денешната прес-конференција во Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот.
Се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект.
Денес, бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби но исто така ова зголемување дополнително ги оптеретува и граѓаните“, посочи претставникот на опозициската партија.
Според Петрушевски, со законот за фиксно намалување на акцизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните.