Пожар во куќа во Тетово – повредено едно лице

пред 2 години

Едно лице е повредено во пожар кој настанал во куќа во Тетово.

Според информации од полицијата, синоќа во 19.20 часот било пријавено дека во нас.Колтук во Тетово, на ул.„Вукашин Симоски“, настанал пожар во куќа сопственост на И.С.(50).

Од пожарот биле зафатени и две соседни куќи, од кои едната во сопственост на истото лице, во која во моментот не живеел никој, а другата во сопственост на С.М.(60).

Во пожарот И.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Share
Scroll to Top