Утре во 5 часот престанува да важи одлуката за полициски час.
Забраната за движење на населението во временскиот период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во справување со коронавирусот.
Следните рестриктивни мерки за кои размислува Комисијата за заштита од заразни болести, се продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти. Дали се неопходни, ќе се одлучува в понеделник, кога ќе бидат видливи резултатите од воведувањето на полицискиот час.
Министерот Филлипче оцени дека во моментот земјата се соочува со силен бран. Секојдневно се прави реорганизација на болничките капацитети за да се одговори на потребите на граѓаните. Министерот за здравство посочи дека отворањето на модуларните болници се од голема важност бидејќи го зголемуваат капацитетот на инфективните одделенија во цела држава што е од клучна важност во овој период.
Вчера беа хоспиталиизирани 84 пациенти поради компликации со коронавирус во Скопје, што е најмногу досега за еден ден. На целата територија, забележано е зголемување на бројот на заразени во изминатите четири недели. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.