Двајца скопјани на возраст од 85 и 84 години, вчера биле нападнати со тврд предмет во селото Батинци, од страна на две лица.
На настанот претходела расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи.
Зад нападот стојат С.Ј.(64) и неговиот син С.Д.(35), двајцата од Скопје, кои се приведени од страна на полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.