Поради неисправни сопирачки казни за пет возила за јавен превоз во Штипско

пред 2 години

На подрачјето на СВР Штип полициски службеници денеска спровеле акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

За време на контролата биле констатирани 6 прекршоци, од кои 5 за неисправни уреди за запирање и 1 за недостатоци на опрема.

На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 28 останати прекршоци.

Share
Scroll to Top