Пренџов: ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите, а единствено мисли за себе и за своите функционери

Пренџов: ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите, а единствено мисли за себе и за своите функционери

пред 5 месеци

Пратеникот Љупчо Пренџов обраќајќи се на денешната седница истакна дека во Собранието е најголемиот буџет во Македонија од речиси 5,5 милјарди евра а ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите а мисли само на сопствените функционери и бизниси а за граѓаните пари нема.

„Денес во ова Собрание е најголемиот буџет во Република Македонија од речиси 5,5 милијарди евра. Во овие 5,5 милијарди евра власта на ДУИ и СДСМ предвидува од вас да извлече 5 милијарди и 43 милиони евра како никогаш досега и како што личи за СДСМ и ДУИ тоа е малку и згора на тоа ќе треба уште 400 милиони евра да земеме нови кредити. Во последните 20 години единствената политичка партија која што гласала за сите буџети во собранието е ДУИ. 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, од оние за Скопје 2014 кои што сега ги критикуваат, преку оние буџети на Заев каде што јасно се гледаше корупција на целни групи пред короната, па се до овие буџети на Ковачевски и на Артан Груби каде што имаме манипулација и пермутација на бројки, каде што едно зборуваат премиерот и министрите а друго гласат пратениците“, нагласи Пренџов.

Посочи дека ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите, а единствено мисли за себе и своите функционери.

„ДУИ во оваа држава ниту мисли на Македонија, ниту мисли на Македонците, ниту мисли на Албанците, ниту мисли на било кој што живее во Македонија. Едноставно ДУИ мисли само на ДУИ. Пред 20 години ДУИ наликуваше на друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за по 20 години и десетици милијарди изгласани буџети да наликува на акционерско друштво Дуинг бизнис- холдинг“, истакна Пренџов.

Според него за ќелниците на ДУИ и нивните бизниси има пари во буџетот а за граѓаните нема.

„20 години гласаат „За“ буџетите на државата и овие 20 години ветуваа нов автопат Тетово-Гостивар, автопат нема, за тоа немало пари, ама има пари за на Артан лотаријата. За автопатот Гостивар-Кичево велат дека нема пари ама за тендерите на „Еуровија“ има пари. За реконструкција на мостот помеѓу Челопек и Брвеница немало 3 милиони денари во буџетот ама за „Арберија дизајн“ веднаш има 3 милиони евра. Бизнис инвестиција за електрични автомобили во Тетово нема, ама бизниси за челниците на ДУИ има и тоа во изобилие“, нагласи Пренџов.

Текстот Пренџов: ДУИ 20 години гласа „За“ буџетите, а единствено мисли за себе и за своите функционери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top